На предлог на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, на денешната седница на Советот, на која требаше да продолжи расправата за продажба на фудбалскиот клуб Пелистер, одложена е продажбата на клубот за одредено време и точката за негова продажба е вратена на доработка на Комисијата за млади и спорт.
До одложување на продажбата на Пелистер дојде поради тоа што во изминатите два дена, по прекинувањето на седницата на Советот, и други заинтересирани субјекти се јавиле за купување на Пелистер.
Со цел да се одбери најдобрата понуда, градоначалникот на Битола, Владимир Талески предложи точката да се симни од дневниот ред и продажбата на Пелистер да се одложи за извесен период.
За тоа време општната Битола ќе продолжи во целост да го финансира клубот, па така денеска играчите на фудбалскиот клуб Пелистер ќе добијат плата.
Инаку понуди за купување на Пелистер досега поднесоа кипарскиот бизнисмен Гавриил Папанстастатос и фирмата “ Цермат” од Битола.
Б.В.