Во 4 часот и 14 минути во Охрид се случи уште еден земјотрес, последен во серијата земјотреси што ги вознемирија граѓаните на Охрид последните денови и по рекордниот од 5,1 степени според Рихтеровата скала што се случи денес рано попладне и предизвика штети.
Според мерењата, земјотресот бил на одалеченост од 12 километри од градот и во длабочина од два километри а неговата сила била 3,6 степени според Рихтеровата скала.