Don't Miss
Home / Вести / ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола ја организираше традиционалната предновогодишна донаторска акција на Широк Сокак

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола ја организираше традиционалната предновогодишна донаторска акција на Широк Сокак

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ-Битола ја организираше традиционалната донаторска акција на која битолчани согласно нивните можности донираа храна за социјално-ранливите.

Донаторската акција беше на најамбиенталната улица Широк Сокак и помина во одлична организација и со голема посетеност.

Целта на оваа предновогодишна донаторска акција ни е да ги направиме посреќни претстојните празници на семејствата на кои им е потребна нашата помош. Инаку, оваа донаторска акција на партијата е традиционална. Пред празниците секогаш хуманоста не зближува, а тоа е можност за што поголем број среќни семејства и искрени детски насмевки-информираа за донаторската акција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*