Во буџетот на Србија за следната година се предвидени 6,5 милијарди динари помалку за плати, што значи дека околу седум илјади лица, кои примаат плата од буџетските средства ќе останат без работа, пишува весникот „Блиц“.
Трошоците на сите министерства за намалени во просек за 15 отсто.
Освен намалување на платите на вработени во државниот сектор за десет отсто, што веќе се применува, многумина кои досега добивале и некои други дополнителни средства, ќе треба да заборават на нив, додава „Блиц“.
Во нацртбуџетот е наведено дека повеќе нема да има нетранспарентни бонуси, односно освен на платата, работниците ќе можат да сметаат само на награди, кои се даваат за време на јубилеи.
Најмногу средства се предвидени за земјоделците, 36,5 отсто, потоа за економијата 18,9 проценти, за железниците 14,1 отсто, а за патиштата 8,2 проценти.