Автопревозното претпријатие за превоз на патници “ Боби Турс “ Битола денеска на Здравствениот дом “ Д-р Хаим Абраванел “ му донираше заштитна опрема во скафандери за сите медицински вработени.
Имајќи ги во предвид огромните напори кои ги прават вработените во Итната медицинска служба во Битола, како и ризикот на кој се изложени како општествено одговорна компанија “ Боби Турс “ на сите вработени им подари скафандери.
– Заблагодарувајќи се за донацијата, директорката на Здравстевниот дом “ Д-р Хаим Абраванел“, д -р Весна Спирковска истакна дека донираната опрема добро ќе им дојде за заштита на вработените кои се буквално 24 часа во служба на граѓаните и кои иако се изложени на ризик по нивното здравје тие секогаш се на своите работни места и посветено ги извршуваат работните задачи.