Don't Miss
Home / Uncategorized / Општина Новаци на точак

Општина Новаци на точак

Во рамките на „Културното  лето Новаци 2017” се одржа велосипедска тура Новаци-Добромири-Агларци . Велосипедистите ги предводеше градоначалникот, Лазар Котевски, кој  беше еден од многубројните учесници.

Ваквиот спортски настан наиде на голем интерес кај жителите на  општина Новаци.

-„Ова е една многу интересна  манифестација која многу добро беше примена кај жителите, особенио кај младата популација. На тој начин почнуваат да се гледаат резултатите од субвенциите за велосипеди кои ги дава општина Новаци со цел да ја поттикне нивната поголема примена, а заради намалување на загадувањето и заштита на животната средина. Во таа насока ќе продолжиме со организирање на вакви слични спортски настани. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Покрај велосипедската тура беше организирана едукативна работилница „Битола на точак” како и изложба на стари велосипеди и велосипеди со мотор  на Авто етно Музеј Крклино.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*