Don't Miss
Home / Uncategorized / Општината ги осуди вандалските графити кај ОУ “Св. Климент Охридски“

Општината ги осуди вандалските графити кај ОУ “Св. Климент Охридски“

Општина Битола најостро ги осудува вандалските натписи на ѕидовите од ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола, во кои се користи говор на омраза, недоличности, а истовремено се уништува фасадата на училиштето.

Ваквиот вандалски чин претставува деградирање на моралните вредности, имајќи во предвид дека станува збор за образовна институција, во која што учат деца од основното образование на возраст од 6-14 години.

Во рамките на своите законски надлежности, Општина Битола ги поддржува релевантните институции во откривањето на сторителите во најбрз можен рок. Воедно, локалната самоуправа апелира на повисока морална свест, со цел да не се поттикнува говор на омраза и да не се уништуваат објектите во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*