Премиерот Зоран Заев се ослободува од обвинение, рече судијата Дарко Тодоровски. Според него, јавниот обвинител не докажал дека Заев го сторил делото „Поткуп“.
Претходно, Тодоровски го читаше обвинението, за кое кажа дека освен видео доказите од посбените истражни мерки, се слушале и телефонски разговори кои биле прибавени на истиот начин и потсети дека бил преслушан и сведокот Иван Николов.
На минатото рочиште обвинителката побара измена на правната квалификација и наместо за примање поткуп, обвинетиот да биде осуден за барање поткуп.