По соопштението на партијата на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов дека нема да ј поддржи реконструкцијата на Владата, денеска оставка на својата функција си поднесе членот на оваа партија и заменик министер за локална самоуправа Зоран Димитровски.
Во неотповикливата оставка Димитровски како причини за напуштањето на Владата ги наведува аргумените од соопштението на Демократската партија, во кое се вели:
-Демократскиот сојуз, по седницата на Претседателството и Централниот совет, донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и да го напушти парламентарното мнозинство. Одлуката за ваквиот чекор, како што рече Трајанов, е неисполнување на програмските цели утврдени и усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година.
Централниот совет заклучи дека ниту една од програмските цели на ДС дефинирани низ партиски органи и тела ,кои беа усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година, но и пред формирањето на оваа влада, не е имплементирана се вели во соопштението на ДС.