Судијата во претходна постапка на Основниот суд во Битола го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и му додели 8 дена притвор на познатиот македонски поп пеач Ламбе Алабаковски.
Ламбе Алабаковски се товари за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил.