Home / Вести / Ламбе Алабаковски ги запали социjалните мрежи

Ламбе Алабаковски ги запали социjалните мрежи

Чинот на Ламбе Алабаковски кој призна дека го подметнал пожарот во бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, изминатиот викенд, привлече големо внимание во македонската јавност, при што дел од граѓаните ја оправдуваат постапката на пејачот, прогласувајќи ја за херојско дело, додека други се противат, а многумина пак се шегуваат на негова сметка, како што се забележува според коментарите на социјалните мрежи.

„Дали гледате колку народов гледа херој во Ламбе?! Тоа е зашто нема лидер кој ќе ги поведе напред, а не да лиже, да се правда и да филозофира“, „ако е вистина ова денес, тогаш г-динот Ламбе Алабаковски има повеќе направено во одбрана на македонските национални интереси отколку ДПМНЕ и СДСМ заедно овие 30 години“, „Да отвориме македонски културен центар во Бугарија и да го крстиме Ламбе Алабаковски“, „Ламбе е обичен нормален човек кој искрено ја сака Македонија“, гласат дел од твитовите во кои се изразува поддршка за Алабаковски.

Да отвориме македонски културен центар во Бугарија и да го крстиме Ламбе Алабаковски

— Летечи фахман (@FicoKu) June 7, 2022

Дел од твитерџиите, пак, не се согласуваат со постапката на Алабаковски.

– Ламбе ако беше ‘јунак’, немаше да се крие, камуфлира со чорап на главата. Ќе се пријавеше сам дека дека запалил влезната врата на домот, немаше три дена да се крие од полицијата –  смета еден твитерџија.

Како може бе некој да каже „и јас сум Ламбе“. Без оглед за што се работи….и јас сум Ламбе.
Не брат. Нит сум Ламбе, нит сакам да бидам, скраја дае.

— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) June 7, 2022

А бројни се и шегите на сметка на Алабаковски.

„Малце луѓе знаат ама Фајрстартер од Продиџи е за Ламбе напишана“, „Ја по невеста Ламбе ќе го носам, ако не ја даваат, ја палиме вратата“, „Ламбе, по дедо му Факело“, се вели во досетливите коментари на Твитер.

Ламбе Паликуќа, нова улица у БТ.

— Бурек (@IvoApostolovski) June 7, 2022

Ламбе, по дедо му Факело

— Тој без платата (@asimilacija) June 7, 2022

Ја по невеста Ламбе ќе го носам, ако не ја даваат, ја палиме вратата

— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) June 7, 2022

Малце луѓе знаат ама Фајрстартер од Продиџи е за Ламбе напишана.

— Брада (@legovski) June 7, 2022

Од СВР Битола информираа дека денес е приведен Л.А.(34) од Битола, по што извори во МВР потврдија дека станува збор за пејачот Ламбе Алабаковски.

– Извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело – се наведува во соопштението на МВР.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку Фејсбук информираше дека случајот со подметнатиот пожар веќе расчистен и има приведен што го признал делото. Центарот „Ванчо Михајлов” пред три дена во Битола соопшти дека се опожарени нивните простории.

Локалниот огранок на Левица во Битола повикува на протест за слободување на Алабаковски, што е закажан утре пред полициската станица во Битола, барајќи отфрлање на кривичната пријава поднесена против пејачот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*