Don't Miss
Home / Вести / Осумдневен притвор за битолчанецот што нападна полицаец

Осумдневен притвор за битолчанецот што нападна полицаец

Врз основа на решение од Основен Суд Битола спроведено е лицето А.С.(44) од Битола , на релација од Основен Суд Битола до КПУ Затвор Битола за извршување мерка притвор во траење од 8 дена поради напад на полициски сужбеник, стои во извештајот од СВР Битола откако полицијата претходно објави дека битолчанец со сопругата физички нападнале полицаец а кон другите се однесувале агресивно.

-На 01.05.2024 во 23.50 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(44) од Битола затоа што тој и неговата сопруга физички нападнале еден полициски службеник и агресивно се однесувале кон други полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава, потврдува полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*