Во месноста Билјаник, во населбата Горно Оризари во Битола, се осветени темелите на црквата Св. Талалеј.
Чинот на осветувањето го водеше неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Петар.
На настанот присуствуваше градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски и бројно месно население.