Don't Miss
Home / Македонија / Откажан дочекот на Новата 2017 на плоштад Македонија

Откажан дочекот на Новата 2017 на плоштад Македонија

Градот Скопје се откажува од дочекот на Новата 2017 година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија.

Средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во изност од околу 2 милиона денари, ќе се донирааат во социјални цели.

Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот на Град Скопје, се вели во соопштението.

Веќе 10 години наназад се трошат минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мобилните оператори во земјава, известуваат од Град Скопје.

Оваа одлука доаѓа откако локалната самоуправа на Велес донесе одлука дека нема да организира прослава за одбележување на Нова година, а планираните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев најави дека во оваа новогодишната хумантиарна акција на општината ќе се вклучат и вработените од општинската администрација кои со својот придонес ќе се обидат да ја збогатат празничната атмосфера на повеќе нивни сограѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*