Don't Miss
Home / Вести / Отстранети киосците кај Педагошкиот факултет

Отстранети киосците кај Педагошкиот факултет

       

        Во Битола продолжува отсранувањето на времените објекти.

        По отстранувањето на киосците за продажба на весници, цигари и други ситни артикли, денеска беа отсранети киосците кај Педагошкиот факултет.

        На овој дел од Битола ќе се отстранат сите киосци,  кои со години работеа таму. Бидејки сопствениците на киосците не ги затекнавме таму за време на отстранувањето, работниците кои беа ангажирани за нивно отсранување ни рекоа дека ќе бидат отстранети сите киосци, а дека за да не платат по 300 евра на Општината за нивно отстранување тие добиле дозвола од сопствениците на киосците да ги отстранат истите и целокупниот материјал од нив да го земат за себе.

        Неодамна во Советот беше кажано дека киосците  ќе мора да се отстранат бидјеки таму ќе треба да поминува велосипедската патека, која треба да се гради.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*