Со отворањето на екслузивниот ресторан во Битола, Ангро маркетинг го комплетираше својот концепт, според кој на едно место може да се најде се.
Со овој ресторан Ангро маркетинг инвестира во развојот на угостителството.
Првата асоцијација за вакви ресторани е дегустирањето на врвни вина и нивните различни вкусови било да се од домашни винарски визби или странски, а тука како дел се и вината на Ангро маркетинг.
Токму тој концепт е застапен во овој ресторан покрај многубројните специјалитети кои се нудат токму тука приготвени од вештите раце на куварите.
Овој екслузивен ресторан нуди уживање за сите гости во автентичниот изглед на винарска визба.
Традицијата на промоција и негување на винската култура, македонските и странските специјалитети продолжува.
Ангро маркетите постојат 15 години во Македонија. Предизвикот да се навлезе во полето на угостителството бил голем.
Ресторанот е со капацитет од 350 гости и е одлично место за различни веселби, коктел забави, деловни состаноци или едноставно уживање во заедничките моменти со вашите деловни соработници, пријатели, семејство.
Наскоро во рамките на овој ресторан ќе биде отоврен и хотел со капацитет за 30 гости во чии рамки ќе има и 3 луксузни апартмани.
Овој екслузивен ресторан се наоѓа во просториите на стариот Лозар, кај бензиската пумпа Лукоил, кај комплексот на Ангро маркет.
На свеченото отоврање пред многубројните гости настапи камерно трио и Боемите.
Tagged with: Ангро маркет Боеми гости Лозар трио