Don't Miss
Home / Uncategorized / Печатницата “Киро Дандаро“ се стекна со интегрирана еколошка дозвола

Печатницата “Киро Дандаро“ се стекна со интегрирана еколошка дозвола

Печатницата “Киро Дандаро” од Битола, која постојано го осовременува машинскиот парк со најсовремени машини за производство, во последно време доста вложува и во заштитата на човековата околина и еколошката средина.

Деновиве, Печатницата “Киро Дандаро”, која наскоро ќе слави 70 години од своето постоење, се стекна со интегрирана еколошка дозвола што ја доделува Министерството за екологија на Република Македонија. Со добивањето на ваквиот интегриран сертификат, Печатницата “Киро Дандаро” ги исполни сите барања и високи критериуми на Министерството за екологија.

Добивањето на интегрираниот сертификат само го потврди тоа што се знае за оваа печатница, дека особено внимание и се посветува на заштитата на еколошката средина и човековата околина, со што се вбројува во една од најчистите и еколошки најнезагадените фабрики во државата.

-Ние сме најчистата фабрика во Република Македонија, каде загадувањето не само што е сведено на минимум, туку тоа речиси воопшто и не постои. Тоа го постигнуваме со редовно одржување на машинскиот парк, како и со чистење по сите светски стандарди, кои ги бара Министерството за екологија. Барањата на Министерството за екологија, за добивање ваква интегрирана еколошка дозвола беа толку строги, што тие не оставаат простор ни за најмало загадување, велат во “Киро Дандаро”.

Според информациите од “Киро Дандаро”, на проектот за добивање интегрирана еколошка дозвола работеле повеќе од една година.

Инаку, во “Киро Дандаро” постојано се размислува за осовременување на машинскиот парк. Со набавката на најновата машина “деветтобојка” во голема мера производството е подобрено.

Оваа печатница, над 50 отсто од своите производи ги пласира на странскиот пазар. Производите на “Киро Дандаро” се пласираат буквално во сите екс републики на поранешна Југославија, но во последно време печатницата се повеќе е присутна и на пазарите во Грција и Молдавија.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*