Нема поголема чест, нема поголемо задоволство кога во пресудните моменти заедно со народот влегуваш во битка и ја добиваш!, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Битола Пеце Милевски и кандидат за пратеник по вчерашените претседателски избори.
-Нашата кандидатка идната претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова, во Битола освои двојно поголема поддршка од кандидатот на СДС.И резултатот на државно ниво ја потврдува огромната предност. Разликата во гласовите е поголема во корист на кандидатката на ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, од бројот на вкупно освоените гласови на сега второпласираниот во вториот круг на претседателската трка. Огромна благодарност изразуваме до сите граѓани на Битола за големата поддршка и уверени сме дека на 8 мај Битола само уште посилно ќе ја потврди одлуката за промени, одлуката институциите да профункционираат, државата повторно во рацете на граѓаните, Македонија повторно горда, моја, твоја, наша-рече во обраќањето до јавноста Пеце Милевски.