Продолжи ефикасноста во мечевите од фудбалскиот Куп на Македонија, бидејќи на трите вчерашни меча од четврт-финалето беа постигнати вкупно 11.
Најмногу голови беа постигнати во Битола, каде што Пелистер дома ја совлада Победа со 5-2. Ренова го победи Скопје со 2-0, а Академија Пандев на гости славеше кај Тетекс со 2-0. Реваншите се на 29 ноември, кога ќе се игра и првиот меч од осминафиналето Вардар – Шкупи.
Реваншот на тој дуел е во декември, кога треба да се игра и првиот меч од осминафиналето во кој победникот ќе се сретне со Шкендија. Вкупно сезонава во Купот на Македонија во просек се постигнати речиси четири гола по меч.