Фудбалскиот клуб Пелистер преживува тешка криза. Иако се сметаше дека општинското раководство ќе најде заднички јазик со доминантните сопственици на клубот, сепак од извори на порталот на Битолски весник до договор не дошло и сопствениците на Пелистер останале на ставот да го вратат клубот на Општината.
Тие наводно деновиве ги исполниле обврските кои ги ветија дека ке им ги исплатат обврските на играчите и со голем број фудбалери кои наводно се откажале од дел до побарувањата потпишале спогодби со што раководството ги исполнило обврските кон нив. Тие по исплатата се слободни фудбалери и со исписници во рацете можат во секој момент да го напуштат Пелистер.
Од извори на Битолски весник сопстевениците с еочекува овие дена да си поднесат колективни оставки и така клубот дефинитивно да биде вратен на градот.
Што ке стане со Пелистер никој не знае. Тренерот Спасе Ристевски апелираше деновиве преку својот профил да се зангажира ракводството на градот зошто лесно може да се случи Пелистер да остани без играчи.
Во овој момент играчите се на одмор, но никој во струќниот шта не знае со кои фудбалери ке ги почнат подготовките и каде екипата ке се подготвува.
Затоа потребна е итна активност за решвање на статусот на клубот кој, вака како што стојат работите не е ни на земја ни на небо.