Home / Спорт / Пелистер против Преспа со младинците

Пелистер против Преспа со младинците

По заминувањето на петнаесеттина ракометари на Пелистер тренерите на Пелистер мака мачат да одржат тренинг, а на секој тренинг едвај има по три-четири ракометари, а сезоната започнува за три дена.
Прв противник на Пелистер е Преспа, а нетпреварот ќе се игра во салата во Ресен, каде по долго време ќе гостуваат “пелистерци“.
Во ваква тешка состојба во која се наоѓа Пелистер, во сезоната ќе се влезе без посебни подготовки, а главниот товар ќе го имаат младинците.
-Не се предаваме во никој случај пред натпреварот со Преспа. Одиме да одиграме квалитетно, а се наеваме дека ќе одиграме онака како што ќе се договориме. Ако добро одиграме, иако е тешко, можеме да се надеваме на победа, велат од Пелистер.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*