Don't Miss
Home / Спорт / Пелистер “ спонзор “ на Еурофарм!?

Пелистер “ спонзор “ на Еурофарм!?

Со 15 гласови за и 9 воздржани гласови советниците на Советот на општина Битола ја прифати понудата на „Еурофрам“ за купување на акциите на ракометниот клуб Пелистер.

За понудата на „Еурофарм“ советниците на Советот треба да се изјансат на седницата која ќе се одржи на 1 август, кога ќе се знае точно дали „Еурофарм“ ќе купи 100 отсто од акциите, или 75 проценти, а 25 отсто ќе им ги остави на општината Битола, која за таа ќе плаќа по 250.000 евра годшно.

Според понудата, новото име на клубот ќе се вика Еурофарм Пелистер, а во Битола ќе постои и втора екипа која би се викала Еурофарм Работник.

-Наш предлог е сопственичката структура на двата клуба да биде една, а да опстојуваат два клуба – еден ќе биде европски силен, а другиот база на млади битолски ракометари. Бараме СЕХА-лигата и Лигата на шампионите да се играат во салата во Битола. Дел од грбот ќе биде зелен, а бојата на дресовите, според платформата, ќе биде сино-бела, бидејќи таа била пријавена во Лигата на шампионите. Од следната сезона клубот би имал два дреса, сино-бел и зелено-бел – изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на општина Битола.

Акциите на РК Пелистер што треба да ги преземе Еурофарм чинат околу 18.000 евра. Во однос на финансирањето, општината би издвојувала како и досега по 15 милиони денари годишно, а „Еурофарм“ ќе треба а секоја сезона да обезбеди најмалку 45 милиони денари.

За понудата на „Еурофарм“ се согласија и преставниците на навивачката група „Чкембари“, кои со тешко срце прфатија во новиот клуб Еурофарм Пелистер, името „Пелистер“ да фигурира како спонзор.

– Нам ни пречи и менувањето на боите на клубот. Еурофарм Работник во Лигата на шампионите ја има пријавено сино-белата боја, но секој спортски клуб има два комплета на дресови, едни за домашни, едни за гостински мечеви. Ова е најмногу што можеме да прифатиме. Ќе инсистираме сите домашни натпревари да се играат во зелено-бела комбинација, а од следната сезона да бидеме зелено-бели, рече Николче Лазаровски – претставник од навивачката група „Чкембари“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*