Фудбалерите на Пелистер на гостувањето во Скопје доживеаја уште еден пораз, кој ги повлече на дното на табелата.
Покрај слабата форма на “ пелистерци “ една од причините за неуспесите е и тоа што тие веќе четврт месец немале земено плата.
Тоа што посебно ги погодува фудбалерите на Пелистер е што тие кои треба да водат сметка за клубот одамна не наминуваат во клупските простории и воопшто не се интересираат за состојбата во клубот.
Голем број играчи кои се ангажирани од страна стравуваат дека сопствениците на становите каде тие се сместени поради неплатени кирии сакаат да ги избркаат од становите.