Don't Miss
Home / Uncategorized / Пендаровски во Битола побара двојно повеќе гласови

Пендаровски во Битола побара двојно повеќе гласови

                 

          Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски на вечерашниот завршен митинг во Битола, на кој присуствуваше премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, побара битолчани в недела масовно да излезат на гласачките места и да го дуплираат  бројот на гласовите.

          Тој притоа не ја пропушти приликата да каже дека во првиот круг Битола потфрлила според бројот на гласовите за него.

          -Гласањето за мене значи продолжување на државата по патот за НАТО и ЕУ.

          Пендаровски нагласи дека гласот за  Гордана Силјановска  – Давкова е глас за враќање на Груевски и фамилијата на власт.

          Тој притоа остро го нападна сеуште актуелниот претседател на државата Ѓорге Иванов кој одбива да потпише дури 25 закони кои се поминати во Собранието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*