Don't Miss
Home / Вести / По 1 мај ќе се знае кога учениците ќе се вратат во училиштата

По 1 мај ќе се знае кога учениците ќе се вратат во училиштата

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски вели дека засега не може да каже кога би можело да се вратат децата во градинките и училиштата и вели дека тој дел во однос на градинките и училиштата ќе се анализира и ќе се носат одлуки по првомајските празници.

– Овие мерки ги носиме врз основа на анализите на Комисијата за заразни болести која ги следи препораките на Светската здравствена организација и врз основа на она што се случува. Имаме намалување на заразени, распидно зголемување на бројот на оздравени. Мерките се засилуваат, преку ваквото разлабавување, уште повеќе да се зголеми претпазливоста и јавната свест. Сметам дека граѓаните покажаа дека јавната свест е на повисоко ниво. Овие мерки дадоа резултати, ние носевме одлуки кои не се популарни и не се посакувани. Денеска сметаме дека тие мерки дадоа резултати. Мислам дека стручноста да се почитува во носењето на политичките одлуки. Очекувам дека цела оваа ситуација се повеќе ќе се релаксира и ќе се враќа животот во нормала, рече Спасовски.

Спасовски вели дека веќе се почнати анализите за овие прашања во образованиот процес, но не сака да прејудицира бидејќи тоа ќе зависи од состојбата со епидемијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*