Општината Битола ќе субвенционира по 50- отсто од вредноста на купениот велосипед, или најмногу до 5.000 денари.
Општина Битола денеска на својата веб страница го објави јавниот повик за субвенционирање на велосипеди, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени.
Според јавниот повик Општината Битола ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средствата, за велосипеди купени од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена.
Јавниот повик кој беше објавен денеска ќе трае до11 август.
Средствата ќе се делат по приципот прв дојден прв услужен.
Таквите услови ги натера голем број битолчани уште денес пред објавувањето на повикот да побрзаат да купат велосипеди за да добијат субвенции.