Don't Miss
Home / Uncategorized / По Утрински и Вест, згасна и Дневник

По Утрински и Вест, згасна и Дневник

По згаснувањето на дневните весници Утрински весник и Вест, денеска згасна и првиот приватен весник во Република Македoнија Дневник.

Првиот приватен дневен весник во земјава, чиј прв број излезе на 20 март 1996 година, денеска се отпечати за последен пат. Од утре весникот повеќе нема да се печати, а згаснуваат и неколкуте електронски изданија коишто беа под капата на „МПМ” – порталите „Телеграф”, „Утрински весник”, „Вест” и „Теа модерна”. Од денеска над стотина медиумски работници во „МПМ” останаа без работа.

Вработените велат дека изутринава ненадејно им било соопштено дека одат на принуден одмот до 1 јуни. „Потоа, како што ни беше кажано, фирмата ќе биде згасната од деловни причини. Во меѓувреме фирмата останува обврзана да ни ги исплати заостанатите плати за април и мај”, велат вработените во порталите.  Потоа досегашниот медиумски гигант „МПМ” ќе оди во ликвидација.

Како една од причините за затворањето на фирмата се големите долгови на претходната фирма, „Графички центар”, која беше сопственик на Медиа Принт Македонија (МПМ).

Пред еден и пол месец престанаа да се печатат дневните весници „Утрински весник” и „Вест”, поради лошата финансиска состојба на фирмата. Пред да почне претстечајната постапка, во февруари годинава, отворена беше нова фирма, со слично име, Медиа Принт ДООЕЛ, во сопственост на Александар Динев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*