Don't Miss
Home / Uncategorized / Почесниот руски конзулат во Битола во нов објект кон крајот на август

Почесниот руски конзулат во Битола во нов објект кон крајот на август

Нов објект на Почесниот руски конзулат свечено ќе биде отворен на 31-ви август  на Широк Сокак.

-Повеќе од 20 години Република Македонија и Русија ги развиваат и динамизираат билатералните односи. Најпрвин во 1992 година Претседателот на Руската Федерација го потпиша Указот со кој Република Македонија се признава како суверена независна држава под нејзиното уставно име. Две години подоцна, разменувајќи ноти меѓу Министерствата за надворешни работи, овие две држави воспоставуваат дипломатски односи на ниво на амбасади. Во 1998 година претседателите на Русија и на Република Македонија потпишаа и Декларација за пријателство и соработка меѓу двете земји- се вели во информацијата од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија, општина Битола

Руско-македонската соработка, како што се вели во соопштението, се темели на рамноправност, заемна почит, доверба и почитување на меѓународното право, има огромен потенцијал за натамошно унапредување на двете земји, како и за зацврстување на мирот и на стабилноста во регионот.

Оваа меѓусебна соработка резултираше со отворање и на Почесен конзулат на Русија во Македонија кој веќе 14 години им стои на располагање на македонските граѓани.

-Во февруари оваа година, по предлог на руското Министерство за надворешни работи, македонското Министерство за надворешни работи врз основ на согласноста на Владата на Република Македонија издаде егзекватура за именување на г. Сергеј Самсоненко за почесен конзул на Руската федерација во Република Македонија со седиште во Битола.
Овој конзулат и понатаму ќе им биде на услуга на руските граѓани во Македонија како и на Македонци кои имаат потреба од информации за Русија, а ќе работи врз основа на утврдена годишна програма одобрена од Руската Федерација во Република Македонија.

Рускиот Конзулат ќе има за цел да ја унапреди економската соработка помеѓу руските и македонските компании, развој на билатералните односи како и промовирање на руските културни и традиционални вредности во Република Македонија, пишува во соопштението.

Конзулатот ќе биде осветен и свечено отворен во присуство на еминентни личности од јавниот живот.

Потоа на Широк Сокак ќе следува и концерт на едни од најпопуларните вокалистки во Македонија,  Елена Ристеска и Викторија Лоба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*