Home / Свет / Почина Фидел Кастро, поранешен претседател на Куба

Почина Фидел Кастро, поранешен претседател на Куба

Фидел Кастро, поранешениот претседател на Куба и лидер на комунистичката револуција, почина на возраст од 90 години, објави државната телевизија, пренесува Би-Би-Си.

Претседателот Раул Кастро, во огромна тага, во доцните вечерни часови, се упати кон нацијата преку државната телевизија, потврдувајќи за смртта на Фидел Кастро и изјавил дека денеска неговото тело ќе биде кремирано.

Следуваат неколку дена на жалост на островот.

Кастро владеше со Куба, како еднопартиска држава, речиси половина век пред предавањето на власта на својот брат Раул во 2008 година.

Неговите поддржувачи го гледаат како човек кој ја вратил Куба на народот. Но, неговите противници го обвинуваат за брутална супресија на опозицијата.

Кубанската телевизија, во април годинава, го прикажа Фидел Кастро, кој во јавноста по подолга пауза се појави како седи крај Раул Кастро и Николас Мадуро на гала свеченоста во театарот „Карл Маркс“ во Хавана, по повод неговиот 90-ти роденден.

Западните медиуми забележуваат дека од снимките дека Фидел бил со нарушено здравје, како и дека останал да седи во текот на целиот настан.

Претходно Фидел Кастро ја објави својата вообичаена колумна, во којашто го критикуваше американскиот претседател Барак Обама затоа што не се извини за американското бомбардирање со атомски бомби на јапонските градови на крајот од Втората светска војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*