Како што и најави претседателот на Собранието на Македонија, Јован Митрески денеска ги распиша изборите за избор на претседател и нов парламентарен состав.
Иако кај нас политичките партии веќе одамна ги имаат почнато (пред)изборните активности, сепак сега, по распишувањето на изборите тие можат и официјално да ги почнат подготовките за кампањите.
Политичките партии ги прават последните анкети и сондирања кај членството и граѓаните за тоа со кои кандидати ќе се впуштат во трката за претседател на државата.
Паралелно со утврдување на кандидатите за претседател на државата се прават последните анкети и за рејтинзите на кандидатите за пратеници во Собранието на Македонија.
Досега само двајца кандидати ја истакнаа својата кандидатура за претседател на државата. Тоа е лекарот Вело Марковски, кој ќе се кандидира како независен кандидат и проф. Билјана Ванковска која е кандидат на Левица. Според претседателот на Парламентот Јован Митрески Собранието ќе функцинира до крајот на март.