Don't Miss
Home / Вести / Првата награда за песната за Битола

Првата награда за песната за Битола

Спецјално за Битолски весник од Сиднеј, Австралија

Душан Ристевски:

Деновиве жири комисијата составена од Мери Петковска (претседател), Славица Ристеска и Дијана Јовчевска, ги доделија наградите   за минатогодишниот награден конкурс за Прличева награда, што Литературното друштво „Григор Прличев” традиционално го организира за последните 46 години,

На конкурсот на кој пристигнаа 39 творби награди добија следните автори:

Поезија за возрасни

1-ва награда: Песна за Битола – Шифра: нема (Ристо Галевски од Сиднеј)

2-ра награда: Споменик на љубовта – Шифра:нема (Наум Трајчески од Квинбијан)

3-та награда: Туѓина ќе одам – Шифра:Мајкаса (Наум Трајчески од Квинбијан)

Поезија за деца

1-ва награда: Лакомост – Шифра:Радосно внуче (Гроздан Јовановски од Њукастел)

2-ра награда: Желба – Шифра: Сон (Гордана Димовска од Мелбурн)

3-та награда: Пресликување на годините – Шифра: Зима (Оливера Јовановска од Мелбурн)

Раскази за возрасни

1-ва награда: Баба Илина – Шифра:Декември (Гордана Димовска од Мелбурн)

2-ра награда: Мајка – Шифра:МЕНДУС-34 (Џорџ Гроздановски од Сиднеј)

3-та награда: Ноква мислам на него – Шифра:Кралица без кралство (Оливера Јовановска од Мелбурн)

Раскази за деца

1-ва награда: Грижа – Шифра:Радост (Гордана Димовска од Мелбурн)

2-ра награда: Мразулци на балконите – Шифра: Душата не старее (Оливера Јовановска од Мелбурн)

3-та награда: Уплав – Шифра:уплав (Љубица Поповска од Мелбурн)

ПЕСНА ЗА БИТОЛАБитола изградена на Пелистерска падина,по Драгорска речна долина,покрај вишна Баба Планинаи на Пелагониска широка рамнина.Битола потомка на Хераклеја,на градот на Царевитеи војските на фалангитешто ги чуваа границитена државата на Македонците.Битола град на конзулите,на дамите и дипломатитекои се возат по калдрмите,со коњи во пајтонитеправо кон кафеаните.Битола, град на цркви и верници,на војводи, комити и партизани,кои што храбро се бореле -но на слободата не  се израдувале.Битола град на уметници,на артисти, фотографи и пејачи,на вода фолклор и ладовина,на младост љубов и убавина.Битола, град кој лазе и повикувана Широк Сокак за да се видиме,топли  бакнежи да разменимеи во прегратки вечно да останеме.

        Прво наградена песна за возрасниРисто Галевски

ЛАКОМОСТ

Ти дедо и моја дедовина

Тага моја како планина

Дали треба да заминам

Во далечна туѓина.

Те гледам грутко и чезнам

А во душа тага сеам

Јас не сакам во туѓина

Таму испустен да живеам.

Овде сакам како славеј

Во гора да пеам

Јас не сакам во туѓина

Таму осамен да живеам.

Овде ми е најубаво

Срце мое весело и смело

Овде ми е мило се

Сакам да живеам на село.

Не лакомам дедо мој

За големи пари

Мојот млад живот

За родната грутка жали.

Дали ти ме разбра дедо

Дали грешам или е така

Внимателно ме ислуша дедо

Сведна глава и се расплака.

Гроздан Јовановски

 Прво наградена песна за деца

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*