Don't Miss
Home / Uncategorized / Поддршка на градоначалничката Петровска за иницијативите на “ Порака “

Поддршка на градоначалничката Петровска за иницијативите на “ Порака “

           

Со голема креативна енергија во себе и задоволство од постојаната комуникација и поддршката од Општина Битола, членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, денес ја посетија градоначалничката м-р Наташа Петровска, со цел да и го честитат Меѓународниот ден на жената 8 март. Ваквите активности се дел од годишната програма на „Порака“, при што членовите на Центарот имаат можност со дела кои потекнуваат од нивниот ентузијазам, да ги израдуваат личностите со кои соработуваат.

На денешната средба се разговараше за активностите кои се реализираат во рамките на Центарот, како и за активната вклученост на „Порака“, во форумските сесии за социјална инклузија, организирани од страна на Општина Битола.

Претставниците на Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост, наведоа и неколку предлог проекти кои во иднина можат да бидат во функција на инфраструктурно подобрување на условите за нив, но и создавање на мултифункциски простор кој ќе значи можност за понатамошен развој и напредок на овие лица во повеќе области.

Градоначалничката Петровска, ја изрази својата голема поддршка на ваквите иницијативи, наведувајќи дека во оваа насока општината веќе спроведува активности и подготвува соодветна техничка документација. Токму ваквото делување е во согласност со програмата за социјална заштита на Општина Битола, која меѓудругото предвидува реализација на потребите за социјална заштита на ранливите категории граѓани и нивна поголема вклученост во општеството и излегување во пресрет на нивните барања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*