Home / Вести / Подземна инсталација на улицата ,,Довлеџик“

Подземна инсталација на улицата ,,Довлеџик“

                       

Деновиве во Битола,  на ул. „Довлеџик“, во тек се активностите за дислокација на целата воздушна мрежа во подземна.

 Тоа значи дека висечките кабли за телефонија, кабловските оператори и енергетските кабли на “Електродистрибуција“,   ќе бидат  сместени  како дел од подземната инсталација на ул. „Довлеџик“.

На овој начин, сите надземни висечки кабли, ќе бидат сместени под коловозот.

Овој зафат е дел од проектот за изградба на комплетна инфраструктура на ул. „Довлеџик“, која води на патот за Ресен и Охрид ,каде претходно беше реализирано поставувањето на фекалната канализациона мрежа.

По овој зафат, потребно е да се отстранат електричните столбови и да започнат активности за поставување на ново улично осветление, атмосферска канализација, водоводна мрежа и нов коловоз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*