По речиси еден месец од убиството во Мелбурн Австралија, вчера во селото Логоварди битолско беше погребан Дени Димовски(31), кој беше убиен во Мелбурн Австралија.
Инаку Дени Димовски беше убиен во тепачка која се случила во ресторанот “ Корзо грил Хаус” во градот Мелбурн Австралија до смрт бил избоден битолчанецот Дени Димовски (31).
Убиството се случило во раните утрински часови кога група непоканети гости околу 2 часот по полноќ се обиделе да влезат на приватна забава во ресторанот „Корзо грил хаус”, откако сопственикот на ресторанот се обидел да им ја затвори вратата.
Австралиската полиција соопшти дека откако го избоделе неколкупати со нож, групата побегнала од местото на настанот. Засега нема информации дали припадниците на групата дошле вооружени, но се верува дека убиецот зел нож од ресторанот.
Вработени во ресторанот изјавиле дека убиениот бил почитуван, лојален гостин кој им станал речиси како семејство.
Веста за убиството на Дени Димовски ја потресе Битола, особено жителите на битолското село Логоварди, од каде е тој по потекло, а кое се наоѓа само на неколку километри од Битола.
Инаку Дени Димовски во Австралија заминал пред две години. Тие што го познаваат во Битола велат дека Дени бил мирен и повлечен и никогаш не бил проблематичен.