Home / Култура / Полјаците со “Магбет “ го отвораат “Битола Шекспир фестивалот“

Полјаците со “Магбет “ го отвораат “Битола Шекспир фестивалот“

Честа да го отворат годинашното  8- мо  по ред издание на “ Битола Шекспир фестивал “ им припадна на  Драмскиот театар “Александар Вегиерко”, – Бјалисток од Полска со претставата “Макбет”

Според  режисерот  Грегор Суски изведбата на Драмскиот театар Александар Вегиерко во Бјалисток е заснована на класичен текст, барајќи механизми кои ја одредуваат моќта, знаењето и човечкиот живот.

Шарени, интересни – понекогаш дури и сурови – женски ликови играат важна улога во постановката на Магбет во Бјалисток.

 Тоа се луѓето околу кои се одвива дејството: Лејди Макбет и Лејди Макдаф, но ликовите на Вештерките се подеднакво важни. Тие – користејќи ја амбицијата на Макбет – го прават да сфати дека само ова е во него, што го нема …вели режисерот Суски.

Свеченото отворање на фестивалот е петок, на 25 јуни во  20 часот во Народнит театар – Битола

Висината на цената на влезниците за сите претстави на фестивалот е  само 150 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*