Се наоѓаме на уште едно место од градот кое е заборавеноизминатите 12 години. Улицата “Никола Ѓорѓиевски – Никлец”, е во очајна состојба, а резултатот е незадоволни жители, кои ги уништија своите автомобили, поминувајќи секојдневно по пат со крајнон еестетско и не практично решение.
Вакви улици за познатата населба Бадембалари мора да станат минато. Во нашата програма нудиме решенија за подобро утре, за граѓаните на месната заедница Димитар Влахов и тоа:
-Асфалтирање и подобро осветлување на улиците:
-Изградба на Спортско рекреативен центар на ул.” 6-та” и кај месната заедница
-Чистење на диви депонии
-Поставување на контејнери кај месноста Петочна вода
-Хортикултурно уредување кај месната заедница
Почитувани сограѓани,
Времето на лажни ветувања помина. 12 години ДПМНЕ владее со лаги и делумно завршени проекти.
12 години – ако се работеше чесно и домаќинско, не ќе останеше ниту една улица за реновирање.
Затоа, сите заедно, на 15 октомври ,масовно да излеземе на гласање и со заокружување на бројот 19 да го вратиме нашето достоинство, истакна на прес конференцијата кандидатката за советничка на СДСМ Билјана Поповска.
Tagged with: Билјана ДПМНЕ Поповска сите