Don't Miss
Home / Вести / Понеделник ке биде пуштено во употреба детското игралиште, донација на Би Милк

Понеделник ке биде пуштено во употреба детското игралиште, донација на Би Милк

Битолска млекара соопшти дека в понеделник на 26 септември свечено ќе биде пуштено во употреба на Битолско детско игралиште.

Настанот ќе се одржи на 26.09.2022 (понеделник) со почеток во 11.00 часот во Градскиот парк во Битола.

На настанот ќе бидат присутни и свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и регионалниот маркетинг менаџер на Бимилк, Полексена Јанкуловска.

Новото детско рекреативно катче е донација од компанијата Бимилк за градот Битола. Игралиштето е распространето на површина од 1 400 m2 и вклучува 20 интерактивни игри и рекреативни содржини за деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*