Don't Miss
Home / Вести / Поради обилните врнежи на дожд “ Стрежево “ воведе 24 часовно дежурство

Поради обилните врнежи на дожд “ Стрежево “ воведе 24 часовно дежурство

               

 ЈП “Стрежево“  поради обилните врнежи на дожд и наглото топење на снегот  од денеска воведоа  24 часовно дежурство и следење на состојбата.

На  состанокот на Колегиумот кој го одржаа “ од на нога “на зафатот за вода  кај Дихово,  беше заклучено состојбите  да се следат 24 часа и да се преземаат сите мерки за вакви вонредни услови.

Инаку од ЈП “ Стрежево “ и покрај неповолните врененски (не)прилики велат дека акумулацијата “Стрежево“ е подготвена да ги прифати водите од врнежите кои го зафатија регионот деновиве.

Дневниот доток во акумулацијата изнесува околу 1,5 милион метри кубни вода или околу 15 m3/sec. Водите се зафаќаат од водотеците на Баба Планина преку Собирниот (Алиментационен) канал и се внесуваат во сливот на река Шемница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*