Home / Uncategorized / Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Заедно со температурите, растат и цените на горивата кај нас – и бензинот и дизелот од утре поскапуваат како последица на зголемувањето на цената на суровата нафта на светските берзи во последниве две недели. Така, малопродажната цена на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари, на еуросупер БС-98 63,50, а на литар еуродизел Д-Е V 48 денари, што е зголемување за точно еден денар кај сите деривати. Во проценти изразено малопродажните цени на нафтените деривати во просек за се зголемуваат за 2,28%, за што, како кажавме, е виновно поскапувањето на нафтата на берзите чија цена во изминативе 14 дена во се зголеми за 6,89%. Паралелно со неа се зголемија и референтите цени на дериватите – на бензинот во просек за 6,75%, а на дизелот за 7,34%. За поскапувањето да не биде поголемо се погрижија европските финансиери кои ја зголемија вредноста на еврото, со што курсот на доларот во однос на денарот опадна за 1,97%.

Што нé очекува во наредниот период? Аналитичарите главно споменуваат стабилност на ниво на сегашните околу 52 долари за буре сурова нафта од типот Брент. Овие прогнози тие ги базираат главно врз основа на постигнатиот баланс во „нафтената трка“ меѓу Саудиска Арабија и Иран иако велат дека има мали резерви за скромно поевтинување – но само доколку некој друг фактор не се вмеша како доминантен. Тука пред сé се мисли на американското производство, кое се очекува да расте под политичкиот притисок на сопствената администрација. Но бидејќи тоа е поскапо од арапското, тоа ќе се случи ако и само ако цените пораснат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*