Судскиот процес “ Транспортер “ во кој првообвинет е екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески е повторно одложен поради болест на една од обвинетите директорки во случајот, Анита Ангелевска.
Имено адвокатот на Ангелевска доставил лекарско уверение дека таа била болна и дека била хоспитализирана во Клиничката болница во Битола.
Судењето во овој процес, кој никако да започне е одложено за 13 декември.
Инаку ова е втор пат да биде одложено судењето во случајот со “бесплатниот “превоз “ Транспортер” Првиот пат тоа беше одложено поради тоа што наводно директорката на средното медицинско училиште “Јован Калаузи” немала уредна достава.
Инаку во “Транспортер “ покрај Талески и неговата десна рака Слободан Бончановски обвинети се уште 19 директори на основни и средни училишта, како и на автопревозни претпријатија.
СЈО ги товари нив дека со своите постапки предизвикале штета во износ од 360.000 евра.