Пелистер – Силекс 0:1 (0:0)
Градски стадион “Под Тумбекафе“ – Битола.
Гледачи: 300
Главен судија: Александар Ставрев
Стрелци: Мариќ во 85 минута за Силекс
Жолти картони: Крстески, Мирчевски, Ристевски (Пелистер), Дурански (Силекс)
Пелистер: Пасовски, Петковски, Ганчев, Крстески, Динчев, Тодоровски, Анастасов (Мустафов), Трајковски (Ристевски), Љамчевски (Главевски), Мирчевски, Ступиќ
Силекс: Ников, Јанев, Рудан. Багашовски, Тодоров, Велинов, Ѓорѓиев (Мариќ), Дурански, Мијатовиќ, Недељковиќ (Стојков), Тимов-ски (Мицков)
И по скоро два месеци пелистерци не успеаја да победат и со победа и со три бодови да се искачат некое место погоре на табелата. Овојпат тие се поразени, повторно со гол примен во завршницата, од екипата на Силекс на свој терен, под Тумбе кафе.
Овој пораз му го ставаат на судијата Ставрев кој во 27 минута не досуди пенал над Ступиќ, откако беше срушен од страна на Рудан во шеснаесетникот. По оваа одлука на Ставрев да досуди пенал, а при тоа не му покажа жолт картон на Стипиќ, по водениот терен пелистерци иако имаа јалова иницијатива не успеаја да постигнат гол и да бидат поблиску до победа, по ударите кон голотна Ристевски и Ганчев во првиот дел.
Во второто полувреме се обидоа и Љамчевски, Ступиќ, Ристевски, Мустафов, посебно во последните 20 минути откако се фрлија на една карта, офанзива.
И како да се повтори Ренова и пак гостите уловија контра по левата страна и резервистот Марик од лево од 16-17 метри упати страотен удар и го совлада немоќниот Пашовски.
Со четвртиот по ред пораз на Пелистер оваа сезона екипата се наоѓа на лошото осмо место со 17 бодови, а дури 20 бода помалку од лидерот Вардар кој има 37 бодови. Зад Пелистер е екипата на Брегалница со 12 и далеку последниот Тетекс со само два бода.
Лошите резултати на Пелистер посебно овој месец не само што се одразуваат на пласманот на табелата туку и на посетеноста на публиката на стадионот.
Во неделата имаше само 300 гледачи на стадионот, а тие откако со свирежи се обратија кон актерите, пред време го напуштија стадионот.
Битолчани очекуваа(т) дека со новиот состав на Управата на клубот ќе има промени на квалитетот и резултатите, но според она што досега го гледаат ќе мора за такви позитивни очекувања да го дочекаат пролетниот дел на оваа сезона.
С.Р.