Полицијата го утврди идентитетот на четирите лица кои загинаа во сообраќајката што денеска околу 17 часот се случи кај селото Крушје на патот Ресен-Охрид.
Во несреќата учествувале три возила, битолски мерцедес и ауди и охридско БМВ.
Според информациите од полицијата загинаа два брачни пара кои што се наоѓале во мерцедесот и аудито.
Станува збор за лицата М.Р ( 1951 ) и М.Р. (1953) и двајцата од Битола, и за брачниот пат од селото Трновци Ц.С (1965) и Д.С ( 1959) кои се наоѓале во аудито, соопштија од полицијата.
До несреќата доошло при судир на трите возила, а според очевидци во тој момент имало големо невреме проследено со силен дожд.
Увидот траеше неколку часа, а патот Ресен-Охрид беше затворен за сообраќај