Денес, во ненајавена посета на ски-центарот Стрежево беа пратениците Пеце Милевски и Александар Јамалов, информираа од Јавното претпријатие „Стрежево“ Битола.
За време на посетата на ски-центарот, Милевски и Јамалов остварија неформална средба со директорката на јавното претпријатие „Стрежево“ Вера Бешлиевска.
На средбата стана збор за развојните можности и перспективите на ЈП „Стрежево“ и беше потврдена поддршката на централната власт во таа насока.
Пратениците Милевски и Јамалов заедно со директорката Бешлиевска поразговараа со присутните граѓани за актуелните состојбите поврзани со Ски – центарот и можеа да слушнат различни идеи, мислења, сугестии и предлози од страна на граѓаните.