Вонредната седница на Советот на Општина Битола на која советниците расправаа за состојбите со поплавите е прекината.
По неколкучасовната расправа околу актуелните состојби и дебатата која се отвори околу тоа кој е виновен за настанатите поплави, вонредната седница на Советот на Општина Битола е прекината.
Кога таа ќе продолжи ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат состојбите со врнежите кои се очекуваат за утре.
Б.В.