Don't Miss
Home / Вести / Пријавени 650 тони тутун повеќе

Пријавени 650 тони тутун повеќе

Во ПЕ на МЗШВ во Битола пријавени се 650 тони вишок на тутун , потврдува раководителот на ПЕ на МЗШВ Методија Илиевски.

-Како што знаете откупот на тутун се одвива интензивно и моментално имаме откупено околу 60% од вкупното планирано производство. Ние на ниво на подрачна единица имаме формирано второстепена комисија која скоро цело време е на терен по откупните претпријатија да ја следи состојбата со откупот.

Оваа година имаме поголемо производство од очекуваното на тутун и веќе кај нас се евидентирани околу 750 производители, а се работи за количина од 650 тони на вишок тутун.

Моменталната просечна цена на тутунот е 160-170 денари, вели Илиевски.

Според него ПЕ на МЗШВ  и понатаму ќе остане во тек со откупот на тутун и земјоделците нема да бидат оставени сами во ниеден момент.

Во подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола во овој период тече уште една активност ажурирање на системот.

-Едната е како и секоја година до 31 март на тековната година имаме ажурирања во системот. Оваа прилика ја користам и како повик до сите земјоделци кои имаат промени за правење во системот на ЕРЗС било да се внес на нови парцели, отварање на земјоделски стопанства, сите оние кои немаат ажурирано податоци, сакаат да бидат корисници н амерките од програмата за директни плаќања за субвенции мораат да ги направат до 31 март, вели Илиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*