Home / Вести / Изграден лифт за инвалдините лица во општинската зграда

Изграден лифт за инвалдините лица во општинската зграда

                       

            Во иднина сите инвалидни лица ќе можат без никакви проблеми да ја посетуваат општината Битола и  нормално да ги реализираат своите барања.   

Со поставување на пристапни патеки, посебен лифт- платформа за инвалидски колички и тоалет приспособен за лицата со физичка попреченост по најнови светски стандарди, во Општина Битола целосно им е овозможена достапност на услугите на лицата од оваа категорија, како и можноста да работат во установата.

-Оваа платформа и адаптациите во општинската зграда се од огромна корист не само за мене, туку и за сите лица кои во иднина ќе ги користат. Иако нивната главна намена е овозможување на физичка пристапност на лицата со физичка попреченост, сега секој еден од нас може да дојде, да ги заврши своите потреби. Ова е момент кога можеме да го видиме производот од континуираните напори на општината, пред се на градоначалничката, за уривање на бариерите, создавање на едно општество еднакво за сите. Општество каде што секој ќе биде прифатен и почитуван и има можност да работи, да придонесува и да биде најдобра верзија од себеси“, рече Симона Јовеска, лице со физичка попреченост, вработена во Општина Битола на проекти за социјални услуги за ранливи групи.

За реализацијата на овој преокт градоначалничката Наташ Петровска вели.

-Една од целите на оваа локална самоуправа е севкупно подобрување на условите за сите граѓани, а со ваквата адаптација во општинската зграда е овозможена подобра мобилност за лицата со потешкотии во движењето. Со средства од над 1.500.000 денари, општината обезбеди лифт за влез во зградата и изврши целосна санација и адаптација на тоалет наменет за лицата со потешкотии во мобилноста, изајви Наташа Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*