Don't Miss
Home / Uncategorized / Откако локалната власт го “отпиша“ Битолски весник, Франција и ЕУ ќе му помогаат на Битолски

Откако локалната власт го “отпиша“ Битолски весник, Франција и ЕУ ќе му помогаат на Битолски

                  

          Во четвртокот,на 5 декември, вo француската амбасада во Скопје, на негово барање беше примен сопственикот, директoр главен и одговорен уредник на Битолски весник, Менде Младеновски.

На средбата  Менде Младеновски го запозна амбасадорот Кристијан Тимоние, со предизвиците со кои се соочува во пoслeдно време најстариот локален печатен медиум во државата, Битолски весник, со законските ограничувања за рекламирање како и тендереските игри кои  во последно време се прават во Битола   за рекламирање со овој неделник.

Притоа директорот Младеновски побара помош  од Француската амбасада за  натамошно опстојување на Весникот, бидејќи Франција е позната во светот како држава која  исклучително ги цени и почитува локалните медиуми.

Младеновски од амбасадорот Кристијан Тимоние побара и меѓународна помош за спас на најстариот локален весник во државата.

По повод средбата во француската амбасада со неговата екселенција Кристијан Тимоние со официјално соопштение се огласи и француската амбасада. Во соопштението меѓу другото се вели:

-Во четвртокот на 5 декември, директорот и главен и одговорен уредник на весникот „Битолски весник“, г. Менде Младеновски (тираж од 2.000 примероци и портал) побара средба со амбасадорот за да ги објасни предизвиците со кои се соочува. Овој локален весник, основан во 1964 година, има посебно место во медиумскиот пејзаж на Северна Македонија. Средбата беше можност да се разговара за тешкотиите со коишто се соочуваат печатените медиуми во новиот контекст и поддршката што ја очекуваат од надлежните органи, како и во европски рамки за да се одбрани плурализмот и слободата на информацијата, се вели во соопштението на Француската амбасада.
Битолски весник во наредниот период ќе оствари средби и со други меѓународни преставници и организации се со цел изворно да ги информира во каквои услови работи Весникот кој опстојува целу 56 години и несериозниот однос на некои институции во Битола и поединци кои си поигруваат со судбината на Битолски весник.

Битолски весник нема да дозволи никој да си поигрува со неговата судбина, а посебно не оние “фактори “ од Општината Битола кои си дозволија луксуз да го доведат Весникот да ги рекламира за 150 денари!(не е грешка)

Битолски весник е весник кој опстојувал и во потешки услови, а тие “ експерти за јавни набавки “ од Општината Битола, кои се дрзнаа да си поиграат со судбината на Весникот нема да успеат во нивните замисли и намери Весникот да престане да излегува и да стане уште еден од бројните инстант портали.

Битолски весник кој има портал ќе направи се да го зачува печатеното издание на Весникот и покрај мрачните сценарија кои ни ги подготвуваат некои поединци од локалната власт.
Битолски весник знаел и знае да се избори за својот опстанок и тоа ќе го направи и овој пат и без поддршка на Општината Битола, која во настојувањето да“ штеди“ на секој чекор, успеа преку своите “експерти “ да се “избори“ да се рекламира за само 150 денари.

Во настојувањето да придонесе за реализацијата на “штедливата политика“ на Општината, Битолски весник, кој оваа година остана без договор за рекламирање и кој во идната година да ја рекламира Општината за само 150 денари, јавно се обврзува да ја “рекламира “ општината Битола, бесплатно и во наредната година, а на “експертите“ од локалната власт,кои не знаат што да прават со себеси, би им порачале своите “ штедливи политики “ да ги водат на други фронтови, а не преку Битолски весник.

И покрај тоа што по ова аи во наредната година ќе оста еме без поддршка на Општината, убедени сме дека со помош на нашите Европски пријатели во наредните денови ќе најдеме разбирање за нашите проблеми и дека ќе се избориме не само за нашиот опстанок, туку и достоинство.

Битолски весник знае л да се справи со потешки проблеми. Пред две години, сега веќе екс градоначачникот на Битола, Владимир Талески се обиде да му ја скрои судбината на Битолски весник.

Сега тоа се обидуваат да го направат главните советници на градоначалнилката Наташа Петровска.Но уште од сега им кажуваме дека тоа ќе им биде залуден и изгубен обид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*