По повод 12 мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри, ден кога се оддава почит на виталната улога која што ја играат медицинските сестри во здравствените системи и во општеството како целина, Прим. д-р Таше Трпчевски и целиот тим на Болница „Плодност“ срдечно им го честитаат Светскиот ден на медицинските сестри.

„Од името на Прим. д-р Таше Трпчевски и целиот тим на Болницата „Плодност“ срдечно им го честитаме 12 Мај- Светскиот ден на медицинските сестри – нашите тивки хероини кои секојдневно стојат на првата линија на грижата и хуманоста. Тие се столбот на здравствениот систем. Симбол на пожртвуваност, храброст и неуморна грижа за секој пациент. Денес со почит Ви благодариме за сè што правите. Нека Ви е честит празникот!, стои во честитката на најсовремената болница „Плодност“.


Инаку, Меѓународниот ден на медицинските сестри се слави низ целиот свет на 12 мај, годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингејл, која се смета како основач на модерното сестринство.

И покрај тоа што се столбот на обезбедувањето здравствена заштита, медицинските сестри често се соочуваат со финансиски ограничувања и нивната улога често е потценета.
На овој ден се оддава почит на виталната улога која ја играат медицинските сестри во здравствените системи и во општеството како целина.