Home / Вести / Принудни одмори за заштеда на средства во енергетската криза

Принудни одмори за заштеда на средства во енергетската криза

АД ЕСМ, во договор и со поддршка на Синдикатот, донесе одлука да им се овозможи на вработените доброволно да се пријавуваат за прекин на работниот процес од деловни причини, за период од најмногу два месеци, односно во период на траење на енергетската криза, со исплата на 70% од месечната плата на работникот. Можноста ќе важи за работниците кои се на работни места кои не се неопходно и најдиректно вклучени во производството на електрична енергија и на одлуката ќе и претходи одобрение од раководно лице. Целта на мерката е да се намалат трошоците во услови на криза. Мерката првично беше конципирана како задолжителна, но со зголемување на обемот на обврски со кои Владата на Р. Северна Македонија го задолжи АД ЕСМ во услови на енергетска криза, се појави потреба од прераспределба на вработените со цел извршување на новозададените деловни обврски.АД ЕСМ во текот на кризата со електрична и со топлинска енергија го снабдуваше ЕВН Хоум со 100% од електричната енергија потребна за домаќинствата и малите потрошувачи, и дополнително го прошири својот обем на работа, интегрирајќи и други енергетски субјекти во својот систем, како ТЕЦ Неготино, ТЕ-ТО, менаџирањето со БЕГ и Скопје Север и снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН и МЕПСО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*