Жителите на Цапари не помнат од кога датира традицијата секоја година на 14 јануари низ селото да мине бабарска поворка составена од маски.
Оваа традиција до скоро беше присутна и во други околни села.
Но, според некои тврдења најтемелно се вкоренила во навиките на младите цапарци кои, иако другите села ја напуштиле, тие се уште ја одгледуваат.
Годинава ова село беше единствено ако не по друго барем по масовноста на оваа поворка составена од десетици маски кои следени од над 200 гледачи од раните утрински часови го обиколуваа селото.
Финалниот дел од приредбата се поддржа во попладневните часови на сретсело каде по обичај свиреа чалгии од Битола.
До доцна попладне се виеше кршното оро проследено со песна.
Под маски, според зборовите на учесниците, оваа година биле околу четириесетина младинци од Цапари.
Текстот е објавен на 21 јануари 1969 година во Битолски весник